Ергените во општина Дебарца ќе добијат паричен надомест од 30.000 денари за стапување во брак. Ваквата одлука беше донесена на последната седница на општинскиот Совет, а се однесува на сите ергени, кои имаат над 35 години и се жители на Дебарца.
Идејата за доделување материјална помош во износ од околу 500 евра е на градоначалникот на Дебарца Игор Трајковски, со цел зголемување на наталитетот во општината.
Жаклина Трпеска секретар во општина дебарца појасни дека се работи за еднократната помош, која ќе ја добијат по стапувањето во граѓански брак.
Откако ќе стапат во брак со доставување документ за склучен граѓански брак во опптинските служби, егерните кои ги исполнуваат условите, односно се со над 35 години ќе ќе го дообијат паричниот надомест, изјави Трпеска за МИА.
За зголемување на наталитетот општина Дебарца дава еднократен паричен надомест и за секое новороденче во износ од 5.000 денари, доколу родителките се жители на општината.