ФОТО: Падна потпорен ѕид во дворот на градинката „Кочо Рацин“

Од:

Утринава околу 5 часот падна потпорен ѕид во дворот на детската градинка „Кочо Рацин“ – клон Панорама.

slika 05

Потпорниот ѕид се одвои од земјиштето поради обилните врнежи.

slika 01

Овој потпорен ѕид беше потенцијална опасност бидејќи немаше лежиште, а и дебелината на потпорниот ѕид беше 15-20 см, недоволна за да може да го задржи земјиштето.

slika 02

Она што е најстрашно – ѕидот паднал во дворот каде што вообичаено си играат децата од градинката. Среќа во несреќа е што ова се случило во раните утрински часови, кога децата сеуште не биле пристигнати во градинката.

slika 04

Оштетени се детски реквизити и електричната мрежа за улично осветлување во градинката.

slika 06

Потпорниот ѕид е граден пред околу десеттина години и покрај низата негодувања и реакции од поранешните жители дека не е изведен соодветно и дека градењето на огромни зданија без соодветна заштита може да доведе до големи несреќи.

slika 07

Оваа опасност демнее и на неколку други локации, каде што се изградени големи зданија, каде што може да се предизвика уште поголема катастрофа со лизгање на земјиштето и можност за појавување на свлечиште.

slika 08

Дозволите за овие огромни хациенди на Водно без никаква дозвола ги издаваше претходното раководство, а усвоените ДУП-ови ги одобруваше Виолета Аларова.

Би можело да ве интересира

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски