САД го поздравија предлогот на Порошенко за прекин на огнот во Украина

Од:

Официјален Вашингтон го поздрави предлогот на украинскиот претседател Петро Порошенко за прекин на огнот во источниот дел на Укрина, но оцени дека на Киев му е потребен партнер за завршување на борбите со проруските сепаратисти.

Новиот претседател Порошенко, претходно изјави дека во следните неколку денови ќе нареди прекин на огнот, нудејќи притоа и амнестија за сите оние кои ќе го предадат оружјето, како и коридор за да може бунтовниците да заминат во своите домови.

Станува збор за унилатерален потег што го презема украинската Влада, а САД го поддржуваат, истакнувајќи дека на него гледаат како на гест на добра волја од страната на Киев.

Американската администрација, меѓутоа, смета дека овој гест нема да има никаков ефект доколку украинската страна нема „партнер“, префрлајќи ја притоа одговорноста на Москва.

Порошенко го изнесе предлогот за прекин на огнот по телефоскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, одржан минатата ноќ.

Во острата конфронтација на САД со официјална Москва, по избувнувањето на украинската криза, Вашингтон тврди дека засега „нема знаци од руска страна“ за подготвеност за реципроцитет и за соодветни одговори на понудата од Украина.

Според американскиот Стејт департмент, Русија ќе мора да го поддржи овој план на украинскиот претседател Петро Порошенко.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите