Црвена звезда место Цибона во Евролигата

Од:

Екипата на Црвена звезда ќе го заземе местото на загрепска Цибона во кошаркарската Евролига.

Како што пренесуваат медиумите во Србија, белградската екипа ќе го наследи местото на Цибона во Евролигата, откако хрватскиот тим потврдил дека ќе го откаже своето учество.

Цибона со триумфот во регионалната АБА лига обезбеди пласман во најелитното европско клупско натпреварување (Евролигата), но поради проблемите со финансиите го откажа својот настап.

– Разговарав со челниците на Цибона, тие ми соопштија дека се откажуваат од Евролигата. Во тој случај Црвена звезда ќе оди директно во Евролигата, а Партизан најверојатно ќе игра во квалификациите’, изјави за Б92 генералниот менаџер на АБА лигата Роман Лисац.

Директен пласман во Евролигата обезбеди и финалистот во АБА конкуренцијата Цедевита.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос