На територијата на Русија има над 13.500 бегалци од југоисточниот дел од Украина јави ИТАР-ТАСС повикувајќи се на извор од руските сили за безбедност.
Повеќето од нив се сместени кај свои роднини, но над 5.000 луѓе се во центри за времено сместување.
Во Крим исто има околу 4.000 бегалци од југоисточна Украина, тврдат руските служби. Во пограничните области со Украина руските власти подготвиле над 200 центри со по 30 места за времено сместување на бегалци.