Израелските војници уапсија синоќа на Западниот Брег 65 Палестинци, ослободени од затворите во 2011 година во замена за ослободувањето на израелскиот војник Гилад Шалит, кој беше киднапиран од палестински групации.
Според палестинските медиуми синоќа се уапсени и двајца пратеници од Парламентот на автономната власт.
Гилад Шалит беше киднапиран во 2006 година, а за да биде ослободен Израел ослободи над илјада палестински радикали.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 15 јуни го обвини палестинското движење Хамас, дека како заложници ги зел и тројцата израелски тинејџери од еврејското верско училиште на Западниот Брег, кои исчезнаа на 12 јуни, откако автостопирале покрај Хеброн.
За време на операцијата за пронаоѓање на тинејџерите израелските војници веќе уапсија повеќе од 250 Палестинци. Околу 80 проценти од нив се активисти на Хамас.