Лазаров во идеалниот тим на АСОБАЛ лига

Од:

Ново големо признание доби македонскиот ракометен интернационалец и член на Барселона Кирил Лазаров. Тој е избран во најдобрата седморка на шпанската ракометна АСОБАЛ ЛИГА за сезоната 2013/2014.

Покрај македонскиот десен бек, Барселона во идеалниот тим дава уште четворица ракометари: босанскиот голман Даниел Шариќ, францускиот лев бек Никола Карабатиќ, шпанското десно крило Виктор Томас и данскиот кружен напаѓач Јеспер Нодесбо.
Другите двајца членови на олстар составот на лигата за минатата сезона се левото крило Хосе Марио Карилјо од Адемар Леон и средниот бек Алваро Руиз од Грањолерс.

Левиот бек на Барселона, Виран Морос е прогласен за најдобар дефанзивец во лигата.

Иако Барса ја освои титулата со максимални 30 победи, Хавиер Пасквал не го понесе признанието за најдобар тренер, туку Антонио Гарсија од Грањољерс, кој заврши трет во првенството.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa