Најверојатно забрана за питачење во Норвешка од 2015 година

Од:

Норвешкиот парламент усвои закон со кој на локалните власти им се дозволува да забранат питачење во своите општини додека Владата подготвува закон за забрана за питачење во целата држава.

Доколку законот биде усвоен на државно ниво, питачењето ќе биде забрането во Норвешка од 2015 година.

Претходната влада на социјалдемократот Јенс Столтенберг дозволи таква пракса, но под услов да не се наштетува на јавниот ред и мир.

По парламентарните избори во 2013 година тоа прашање повторно е покренато заради зголемениот број ромски имигранти, наведуваат медиумите во Норвешка.

– Пред да дојдат странци да питачат во Норвешка, најмногу питачеа наркомани. Многумина така набавуваа забранети супстанци, но никому тогаш не му паѓаше на памет да забрани питачење како вид решение за проблемот со наркоманијата, наведува во коментар весникот Афтенпостен.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани