Во Центарот за за преборјување и резултати прекинато е преборјувањето на условните гласови и гласоите на лицата со посебни потреби пристигнати по пошта, откако набљудувачите на политичките партии, освен српските, го напуштиле центарот.
– Центарот моментно има набљудувачи од меѓународните организации, но политичките субјекти го напуштија објектот, од причини кои само тие ги знаат и не сакам да коментирам околу тоа. Сепак им гарантираам на граѓаните дека тие не го напуштија објектот поради некои нерегуларности или кршење на процедура од страна на Центарот, изјавил Ахметај.
Тој додава дека оваа ситуација ќе биде разгледана, по што ќе биде известена Централната изборна комисија, од каде ќе добијат инструкции за понатамошно делување. Сепак, додава тој, преборувањето нема да продолжи се додека не се вратат набљудувачите.
Процесот на пребројување на условните гласовите го бојкотираат набљудувачите од Демократската партија на Хашим Тачи, Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа, Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, иницијативата за Косово на Фатмир Лимај и Движењето „Самоопределување на Албин Курти.
Како што пренесува онклајн изданието на Експрес, повикувајќи се на набљудувачи кои бојкотираат, напупуштањето на пребројувањето на гласовите наводно било поради тоа што сите гласови (три илјади) кои пристигнале по пошта биле за Српската Листа и оти било гласано од едно лице, а на пликото не стоело од која општина се.