Од вечерва до 13 јули во Галеријата на критичарите во Прага ќе биде претставена Меѓународната изложба на Музејот на карикатури и цртан хумор „Остен“ – Дарко Марковиќ и лауреатите од 2009-2013 година.
Промоцијата на изложбата е дел од повеќето настани кои изминатава година се организираат во Скопје и Прага во чест на одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Чешката Република.
Изложбата е под покровителство на македонската Амбасада во Прага и чешкото Министерство за култура, во координација со поранешниот чешки амбасадор во Скопје, Јозеф Браун.
Свеченото отворање ќе биде одбележано со мал коктел на кој ќе се служи македонско вино.