Селекторот на македонските карате репрезентативци, кои се студенти на универзитетите во Македонија, Бошко Заборски, денеска го објави и официјалниот состав кои ќе ги брани боите на Македонија на претстојното Светско универзитетско првенство кое ќе се одржи во Бар, Црна Гора.
Во дисциплината борби – кумите ќе настапат: Емил Павлов – 60 кг, Дејан Црничиќ -67 кг, Иво Цветковски -75 кг, Берат Јакупи -84 кг и Симон Антиќ.
За дисциплината борби поединечно и екипно- кумите Заборски ги повика: Сара Радичевска – 50 кг, Симона Заборска -55 кг, Моника Стефановска -68 кг и Климентина Војдиновска +68 кг.
Список за екипа во дисциплина кумите мажи: Берат Јакупи, Симон Антиќ, Иво Цветковски, Тодор Ристевски, Иво Цветковски, Спасо Илиевски и Горан Иванов.
Список на екипа во кати жени: Марија Матракоска, Зорица Спиркоска и Пуликсенија Јованоска.
Во поединечно кати ќе настапат: Пуликсенија Јовановска и Даниел Петкоски.
На Светското универзитетско првенство се очекува да има околу 45 до 50 држави. Нашите репрезентативци денеска заминуваат за Бар.