ЕВН ја исклучи струјата во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид

Од:

Една од најголемите и најрепрезентативни спортски сали во Република Македонија денеска остана без електрично напојување. Екипи на ЕВН утрово ја исклучиле од напојување спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид заради неплатен долг од приближно 8.200.000 денари.

Како што велат од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, долгот е насобиран во периодот од 2008 година до 2013 година кога не се уплаќале или се уплаќале минимални суми за потрошена електрична енергија во износ од по неколку дестици илјади денари, а месечните сметки во просек низ годините се движеле по околу 150 000 денари.

Денес на ЕВН и уплативме 150 000 денари, поконкретен да бидам уплативме се што имавме на сметката. Долгот е огромен, на јавноста и е познат и објавен е уште во мај 2013 година на прес конфернеција на претпријатието. Тоа што не се плаќало во минатото сега ќе мора да се плати и ние од тоа не можеме и не сакаме да избегаме. Долгот ќе мора да се подмири и да се најде начин како ќе се стори тоа. За утре е закажан состанок со одговорните во ЕВН и после тоа ќе се знае како понатаму ќе се дејствува за да се дојде до решение – изјави за А1ОН Ристе Мишев, директор на ЈП Билјанини Извори – Охрид.

Инаку, во објектот на спортската сала сместени се и канцелариите на ЈП „Билјанини Извори“, како и канцеларијата на Билатералниот Секретаријат во состав на Министерството за животна средина, кои во моментов не се во функција. Вработените во Јавното претпријатие во минатиот петок ја зедоа платата на месец јануари, а претпријатието тоне во долгови.

Како што дознаваме, додека со Охрид раководеше претходниот градоначалник и откако спортската сала е под капа на Локалната самоуправа односно откако се формираше Јавното претпријатие, ниту еднаш не се случило салата да биде исклучена од електрично напојување.

Спортската сала „Билјанини Извори“ важи за угледен спортски објект во кој до сега се одржале многу европски и светски првенства во многу спортови, а ова лето тука силите треба да ги мерат млади ракометари од целиот свет.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски