САД им го предаде затворот „Баграм“, на авганистанските власти, со 3,182 затвореници, меѓу кои наводни талибанци и членови на Ал Каеда.
Затворот„ Баграм“, често беше нарекуван “авганистанскиот Гвантанамо“, и стана познат по наводните злоставувања на затворениците, од страна на американските војници.
“Денеска сме сведоци на славна церемонија која го одбележува трансферот на контролата врз авганистанските затвореници на самите Авганистанци”, изјавил на церемонијата во „Баграм “, авганистанскиот министер за одбрана, Енајатулах Назари.
Затворот, за Авганистанците претставуваше симбол на американската окупација на земјата.Претседателот, Хамид Карзаи, преземањето на надлежноста врз затворот, го нарече голема победа за националниот суверенитет.
Затворот„ Баграм“ е создаден пред десет години до истоимената американска база на околу 60 километри северно од Кабул.