Цените на тековно потрошените средства во земјоделството минатиот месец се намалени за 4,4 проценти во споредба со мај 2013 година, а цените на средствата наменети за инвестиции за 0,3 отсто.
Според Државниот завод за статистика, за истиот споредбен период цените на растителното производство се намалени за 0,9, а на добиточното се зголемени за еден процент.