За љубителите на необичниот дизајнерски модел, се појави фотелјата „Жизел“ која се карактеризира со риги со интензивни бои и со невообичаен потпирач што постепено се издига кон врвот.
Потпирачот потсетува на пергамент кој ја обвиткува фотелјата од двете страни. Двата краја на овој имагинарен пергамент ги задскриваат ногарките што на фотелјата и даваат асиметрична форма и совршена рамнотежа.
Невообичаената комбинација на различните бои во кои се нуди „Жизел“ не само што го нагласува дизајнот на фотелјата, туку придонесува и за развеселување на ентериерот во просторијата во која е сместена.