Повеќе од 70.000 бегалци од југоисточниот дел на Украина пристигнаа во Русија

Од:

Повеќе од 70.000 бегалци од Украина пристигнаа во Ростовската област и останаа на територијата на Русија, изјави денеска портпаролот на Владата на оваа област, Сергеј Тјурин.

– Податоците покажуваат дека во Ростовската област пристигнале повеќе од 122.000 жители од југоисточната област на Украина, од кои 70.000 не се вратиле. Некои продолжиja понатаму во Русија и останаа кај роднините, пријателите, оние кои доброволно сакаa да ги прифатат, во камповите и пансоните, истакна Тјурин.

Според него, на територијата на Ростовската област останале повеќе од пет илјади луѓе.

Тој нагласи дека за 24 часа во таа област пристигнале 13.166 луѓе, од кои на територијата на Русија останале 8.447.

– Претходно просечниот дневен број на пристигнати бегалци беше 300 до 400, а сега гледаме дека овој број се зголемува, истакна Тјурин.

Украинскиот претседател Петро Порошенко неодамна на средба со безбедносните структури даде наредба за формирање хуманитарен коридор за евакуација на цивили од зоната на борбените активности.

Пратеникот во руската Дума (долниот дом на рускиот парламент), Михаил Старшинов изјави дека многу бегалци по завршуањето на воените операции нема да имаат каде да се вратат и затоа се потребни подготовки за нивно подолго престојување во Русија.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски