Поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис изјави дека Европа е изморена поради нискиот наталитет и се поголемиот број млади невработени лица.
Како што пренесе „Асошиејтед прес“ оваа остра оцена папата ја изнел во тек на посетата на католичката организација „Заедница Сант Еѓидио“, чии што волонтери им помагаат на старите лица, имигрантите и другите загрозени категории на луѓе.
Папа Франсис рече дека Европа често ги отфрла старите лица, но и на младите не им обезбедува работа.
-Мораме да и помогнеме на Европа да се подмлади-оцени тој и додаде дека општеството ќе започне да се обновува, кога ќе им се помогне на старите и младите.
Е. Г.