Собраниски игри: Зошто и покрај кворум Вељаноски не дозволи гласање?

Од:

Еден излези двајца влези, во овој стил денеска завршија  собраниските игри и надмудрувања. Законот за следење на комуникации требаше да се гласа со двотретинско мнозинство, во салата имаше околу сто пратеници, но народните избраници од  ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери , се договараа и еден по еден излегуваа од салата за да не се гласа.

Не е јасно зошто  претседателот на Собранието Трајко Вељаноски  го прекрши Деловникот и иако имаше доволен број на пратеници, не  дозволи да се гласа законот, и ја прекина седницата, иако Игор Ивановски бараше продолжување и предупреди дека мнозинството е обезбедено за гласање.

Законот има поддршка од СДСМ и колаициските партнери.

Не е оправдување дека ДУИ, ДПА и НДП, го почнаа  бојкотот на  сите закони, револтирани поради законот за бранители. Според  Деловникот,  закон, кој бара дво третинско гласање се става на изјаснување, ако во салата има 82 пратеника, без оглед како која пратеничка група ќе гласа.

Утре продолжува седницата.

Денеска не се одржа Комисијата за труд и социјална политика, која расправа за законот за бранители. .На два пати ДУИ бараа седницата да се презакаже и одложи, еднаш поради координацијата, втор пат поради партиски обврски

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи