Со огномет започна спектаклот на улица Македонија. Центарци, скопјани, жители од повеќе градови, но и од соседните земји, синоќа уживаа во добра журка и дружење.
Општина Центар го донесе еден од десетте најдобри ди-џеји, DJ DASH BERLIN. Одличен сценски настап пропратен со видео проекции и ефекти и совршена организација Центар, обоен во црвено бела боја, синоќа пулсираше со музиката, која според реакциите беше вистински погодок.
Кафулињата на улица Македонија беа преполни. Интересот беше огромен, со авион и возила пристигнуваа и гости од соседните земји и од Охрид, Битола, Штип, Кочани, Кавадарци. Велат биле секаде, но ова е незаборавно доживување.
„Атмосферата е прекрасна. Потегот на општина Центар да го обезбеди DJ DASH BERLIN е за поздравување. Треба почесто да се организираат вакви настани. Нека биде ова традиција во општина Центар.Ова треба да биде пример и за другите општини“, рекоа присутните.
DJ DASH BERLIN, главниот „виновник“ за експлозивната атмосфера има 3 милиони фанови на својот фб профил, синоќа доби сигурно уште повеќе фанови од Македонија и соседството. Со својот настап докажа зошто е едно од најактуелните имиња на светската електронска сцена.