Дамјановски: Ако сака Аџиев нека биде гробар, ама не на процесот на лустрација и безбедносниот систем

Од:

Комисијата за верификација на фактите лустрираше двајца починати и еден на 80 години кои ги прогласи за наредбодатели кои ги прекршиле човековите права.

За Чедомир Дамјановски, член на Комисијата, недозволиво е претседателот на комисијата Томе Аџиев да ги прочистува гробишта, односно промашена е основната цел на Законот за верификација на факти. Според него, со лустрација на веќе починати лица, се губи секоја смисла на овој процес, бидејќи за нив, со оглед на околностите, нема последици.

„Ако сака да биде гробар нека прочистува, но не смее да биде гробар на процесот на лустрација и на безбедносниот систем“, рече Дамјановски.

Според Дамјановски основна цел на лустарцијата е да се прочистат институциите, а не да се бараат наредбодатели во мртви луѓе.

„Како ќе им ги дадеме овие решенија на тие луѓе? Ова не знам што е ако не е реваншизам. Вака само се урива цел безбедносен системграден со години“, рече Дамјановски.

Лустраторите еден од тие што го прогласиле за наредбодател бил само еден од петмина фукционери кое го потпишале истото решение за следење под и над него по функција. Нејасно е зашто останатите и под него и над него по функција лустраторите не ги прогласуваат за наредбодатели.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска