Струмица промовира 20 пешачки патеки за развој на алтернативeн туризам

Од:

Во рамките на проектот „Развој на алтернативни форми на туризам“, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка на Македонија и Грција, општина Струмица промовира 20 маркирани и класифицирани пешачки патеки во вкупна должина од 112 километри, со цел доближување на природните и културно-истрориските знаменитости до домашните рекреативци и странските туристи.

Како што изјави градоначалникот Зоран Заев, овие ридско-планински патеки се утврдени и маркирани заедно со планинарските клубови и љуботелите на природата од Струмица.

– Овие 20 патеки имаат шест почетни точки – Ловен Дом, Момин Бунар, Банско, Габрово, Вељуса, Брана Водоча и Попчево. Тие ќе минуваат низ прекрасните природни содржини и значајни културно-историски и природни богатства во општина Струмица и тоа: Цареви Кули, манастирот Св.Илија, црквата Св. 15 Тивериополски свештеномаченици, црквата Св.Кирил и Методиј, манастирите во Водоча и Вељуса, Римската терма во Банско, Габровските водопади и други природни реткости, истакна Заев.

Пред секоја патека има поставено информативна табла, која содржи мапа, општи информации, должината, надморската височина, класата, односно тежината на патеката и времетрањето за нејзино поминување.

Во рамките на овој проект во фаза на изработка се веб портал, визуелна анимација на утврдените патеки и играно-документарен филм за алтернативниот туризам во општина Струмица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите