Еден од водечките ди-џеји во светот DJ Dash Berlin вечерва со почеток во 22.30 часот ќе има настап на улица Македонија.
Музичкиот настан е во организација на општина Центар од каде препорачуваат црвено бел дрес код. Моментално овој ди-џеј од Холандија, чие вистинско име е Роберт ван де Корп ја има титулата на најдобриот во светот, а листата десетте најдобри е составена од британскиот магазин за овој вид на музика “DJ Mag”.
Зад него на листата е Armin van Bjuren, кој од првата позиција беше симнат пред 4 години. Третото место според оваа листа е за Avicii.