Тајландската хунта го укина полицискиот час во целата држава

Од:

Во Тајланд од ноќта меѓу петок и сабота е укинат полицискиот час што воената хунта го прогласи по превратот од 22 мај. Одлуката е соопштена веднаш по редовното неделно телевизиско обраќање на шефот на таканаречениот Национален совет за ред и мир, генералот Прајат Кан-ока, кој изјави дека состојбата во земјата овозможува нормализирање на животот во целата држава.

Хунтата постепено го укинуваше полицискиот час, прво во трите најпознати туристичи центри, меѓу кои и Патаја, а на почетокот на неделава уште во четири други одмаралишта.

Воената управа се надева дека со оваа одлука ќе се намалат можностите за драматичен пад на туристичкиот промет во Тајланд. Во оваа држава туризмот, заедно со сообраќајот, учествува со речиси една петина во вкупниот национален приход.

По прогласувањето на воениот удар 67 држави, меѓу кои повеќето од Европа, САД и Австралија го прогласија Тајланд за небезбедно подрачје и ги советуваа своите граѓани да не патуваат во таа држава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач