Израел: Салафисти киднапирале тинејџери

Од:

Екстремистичката организација на салафисти на Западен брег, ја презеде одговорноста за грабнување на три исчезнати израелски тинејџери.

Организацијата Давлат ал Ислам, објави соопштение во кое наведува дека грабнувањето е одмазда поради убиство на тројца нејзини оперативци на западниот брег пред еден месец. За сега нема официјална потврда за веродостојноста на ова тврдење.

Официјални лица за одбрана на Израел, го истражуваат грабнувањето на тинејџерите, врз основа на проценка дека ги киднапирале палестински екстремисти со цел да ги разменат за палестински затвореници, пренесе израелска телевизија.

Израелската војска во меѓувреме организира голема потера по трите шеснаесетгодишни момчиња, кои исчезнаа во четврток навечер во подрачје на еврејските населби Гуш Ецион.

Израел соопшти дека палестинската управа ја смета за одговорна за безбедноста на исчезнатите, од кои едниот има и американско државјанство.

Полицијата соопшти дека и покрај тоа што се стравува дека момчињата навистина се киднапирани, не се исклучени ниту другите можности.

На патиштата кои водат до границата со Египет и појасот Газа, се поставени барикади поради стравување дека екстремистите би можеле да ги префрлат киднапираните во друго палестинско подрачје. Е. Г.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски