Ракометарите најавуваат победа за пласман на СП во Катар

Од:

Македонската машка ракометна репрезентација в недела во СЦ „Борис Трајковски“ го игра реванш натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар 2015 година.

На првиот дуел Македонија во Атина ја совлада Грција со 27:25, но играта не беше на нивото на кое македонските ракометари ги играа последните натпреварувања. Но, сепак победата на гостински терен ќе треба да се потврди во Скопје.

– Имаме позитивна атмосфера и треба да дадеме максимум. Сакаме да прикажеме подобра игра отколку во Грција. Таму одигравме лошо, но се вративме со позитивен резултат. Со „една нога“ сме во Катар и треба да го потврдиме пласманот. Убаво е секогаш да се игра пред полни трибини и треба да помине се најкоректно. Грција беше добар домаќин и ние треба да се покажеме како добри домаќини, истакна репрезентативецот Филип Миркуловски.

Селекторот Ивица Обрван со истите 16 играчи ќе го одигра и реваншот в недела. Никола Маркоски и Петар Ангелов имаат повреди, а Наумче Мојсовски иако ја заврши рехабилитацијата нема да биде во составот за да не се ризикува.

Натпреварот Македонија – Грција се игра в недела со почеток во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa