ФОТО: Отруени кучиња во Струга поради туристите од Холандија?

Од:

Низ улиците на градот Струга веќе подолг период секојдневна глетка е отруени тела на бездомни кучиња.

За град со туристичко реноме како Струга кој најмногу егзистира од туристите од Холандија е срамно и неодговорно една општина на ваков нецивилизиран и нехуман начин да го решава овој долгогодишен проблем со бездомните животни, велат од здружението Animal World.

Јавно упатуваме апел до “ЈП Комунално” и одговорните на “Паркови и зеленило” да престанат со оваа срамна долгогодишна практика на труење на бездомните животни со кој се изложуваат и граѓаните на општина Струга на опасност.

Срамно е една државна институција самата да го прекршува правниот поредок и највисокиот акт на една држава.

Здружението Animal World од Струга ќе продолжи да врши притисок за конечно решавање на овој проблем со помош на методот „ЗАЛОВИ, КАСТРИРАЈ/СТЕРИЛИЗИРАЈ, ВРАТИ” и да ја информира јавноста за оваа практика на надлежните институции со која на најдиректен начин се прекршува правниот поредок на нашата земја.

10445918_10202082658843098_4967954308094317013_n

10414551_10202082657443063_1286576330691423820_n

10371753_10202082657163056_208081653975723113_n

10366243_10202082655963026_1318005244647201616_n

10363796_10202082658283084_3232251032537114984_n

Би можело да ве интересира

Починато бебе однесено во струшката болница

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Инспекторатот иницира стручен надзор за лекувањето на четиригодишното дете што почина во струшката болница

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во Струшката болница по смртта на четиригодишно дете

Дете почина во болницата во Струга

А1он

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција