Фондацијата „Метаморфозис“ стана првата членка на ИФЕКС од Македонија

Од:

Фондацијата Метаморфозис стана дел на една од најголемите мрежи за слобода на изразување, ИФЕКС (www.ifex.org). ИФЕКС е акциска мрежа, која има 88 членки во 60 земји ширум светот, а најголем дел од нив се од земјите во развој.

Вo регионов мрежата има по една членка од Србија и Албанија (а од денес и од Македонија) и по две членки од Романија и Турција.

Во ИФЕКС членуваат и Article 19, Фридом хаус, Репортери без граници, Хјуман рајтс воч, Индекс он цензоршип, Меѓународниот ПЕН и низа други меѓународни асоцијации.

Оваа мрежа се обидува да го сврти вниманието кон настани и случки кои влијаат врз слободата на изразување, користејќи ги своите канали, воедно преку градење коалиции, работни групи, заеднички изјави, петиции, но и организирани конференции и работилници. Дополнително, мрежата објавува и ресурсни материјали со цел да ги засили капацитетите на своите членки и да се поттикнат позитивни промени.

ИФЕКС во минатото спаси животи на борците за слобода за изразување ширум светот, а врши притисок врз владите да ги напуштат законите кои се опресивни и овозможува поддршка, како и контакти за изолираните индивидуалци и групи со цел да се приклучат и да лобираат за слободата на изразување.

Идејата за создавање на глобална мрежа на организации за заштита на слободата на изразување првпат е предложена во 1992 година во Монтреал, Канада, со цел да се координираат активностите на различните организации. Во периодот од 1993-96 мрежата се консолидира на начин кој овозможува да им помага на земјите во развој, а од 2007 година се развиени и стратешки кампањи и програми за поддршка.

Би можело да ве интересира

„Метаморфозис“ реагира на ставовите на ЗНМ и ССНМ: Отпуштената новинарка Мемети не ги известувала шефовите за гостувања во емисии и пишувала за други медиуми

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Се одржа „Ден на Мајкрософт“ во Скопје: „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“

Ана Ололовска

Софтверски донации за поддршка на граѓанскиот сектор

Ана Ололовска

Градење одговорност преку граѓански ангажман

Наум Локоски

Завршна конференција на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“

Ана Ололовска