Јапонскиот автомобилски концерн Мицубиши моторс соопшти дека повлекува повеќе од 700.000 автомобили заради регистриран дефект.
Околу 150.000 од тие автомобили се продадени вон Јапонија.
Повлекувањето се однесува за моделот Колт и Ек-Вагон, произведени од јули 2003 до април 2008 година.
Повод за вонреден технички преглед е неисправност на електриката кај фаровите и покажувачите на правец. Мицубиши досега добиле 330 поплаки од свои клиенти за тие проблеми. Досега тој дефект не бил причина за сообраќајна несреќа.