Иако ни од блиску не е импресивна како онаа во Дубаи, гаражата на полицијата во Мадрид стана побогата за два „Рено Меган РС“.
„Меганот“ можеби не може да се мери со супер-автомобилите што се возат по асфалтот во Емиратите, но за разлика од „шминкерските“ возила што тамошната полиција главно ги користи за сликање, овие француски автомобили ќе фатат и по некој криминалец.
Оние кои имаат намера да бегаат од мадридската полиција треба да имаат на ум дека по нив може да тргне автомобил што за шест секунди стигнува од нула до стотка и чија сила на моторот е 195 кW и ги развива максималните 254 километри на час.
Само како потсетување, „Рено“ минатиот месец исфрли уште посилна верзија под чија хауба се крие мотор од 275 кс (202 кW), како и титаниумски издувен систем и подесиви Oxlins амортизери што нудат врхунски перформанси на патот и на тркачката патека.