Бензините од полноќ поевтинуваат за два денари, а дизел горивата за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,50, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 88 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе се продава за 73,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 62 денари за литар.
Со оваа одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 отсто, односно за 1,87 отсто во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати.