Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон ја повика Шкотска да остане во составот на Велика Британија, наведувајќи дека во спротивно двете страни ќе загубат.
– Не би сакале да ја загубите Шкотска, изјави Клинтон за Би-Би-Си, додавајќи оти тоа нема да се случи.
Таа посочи и оти за Велика Британија најдобро е да остане во Европската унија.
– Европа, според моето мислење, и е потребна на Велика Британија. Сметам дека Велика Британија има перспектива и искуство важно за Европа, посебно во време по кризата, истакна Клинтон.