Лидерот на воената хунта во Тајланд, генерал Прајут Чан-оџа изјави дека до август ќе биде составена преодна влада.
– Владата ќе биде составена до август или најдоцна до септември, истакна Прајут на средбата со високи воени претставници на која се разгледуваше националниот буџет за 2015 година.
Тој повтори и дека по една година ќе биде потребно да се организираат нови избори.
Армијата на Тајланд ја презеде власта на 22 мај по шестмесечните улични протести.