ЕУЛЕКС останува во Косово уште две години

Од:

Советот на Европската унија денеска ја продолжи мисијата на ЕУ во Косово – ЕУЛЕКС до 14 јуни 2016 година, по размената на писма меѓу косовската претседателка Атифете Јахјага и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Кетрин Ештон.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел во следните две години, мисијата ќе го забрза предавањето на своите надлежности на локалните институции и другите актери на ЕУ.

Од Советот, денеска информираа дека ЕУЛЕКС ќе се фокусира на градење на капацитетите на Косово и безбедноста и имплементацијата на договорите постигнати во дијалогот Белград-Приштина во врска со северниот дел на земјата. Но, со оглед на развојот на локалните институции, мисијата ќе започне фаза на нејзините извршни функции во правосудниот сектор, при што предмет на одредени заштитни мерки, обвинителите на ЕУЛЕКС ќе водат принцип да ги преземат новите случаи и завршувањето на обврските околу датотеките.

ЕУЛЕКС, исто така, ќе го задржи менторството и советувањето на локалните институции за владеењето на правото, додека истото не биде целосно предадено во рацете на локалните актери или други инструменти на ЕУ во јуни 2016 година.

ЕУ ќе продолжи да го следи и напредокот на Косово во владеењето на правото и ја задржува можност да го модифицира својот ангажман, ако тоа биде потребно.

Мисијата на ЕУЛЕКС во Косово започна во 2008 година, при што помага и ги поддржува косовските власти во областа на владеењето на правото, полицијата, судството и царината. Во оваа мисиај во моментов има околу 1,000 локални и 1.100 припадници на меѓународниот персонал, од повеќето земји-членки на ЕУ, како и Канада, Норвешка, Швајцарија, Турција и САД. Актуелен шеф на мисијата е Бернд Борхарт.

Советот, денеска исто така одобри буџет на Мисијата за период на транзиција од четири месеци, до 14 октомври 2014 година, која изнесува 34 милиони евра. За тој период се очекува мисијата да се намали како резултат на промената на активностите.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица