Деветмина Словенци уапсени поради стопански криминал

Од:

Словенечката полиција упапси девет лица под обвинение дека извршиле стопански криминал.

Во полициската акција извршен е претрес на 34 куќи и станови во Љубљана, Копер, Ново Место, Крањ и во Нова Горица, со цел да се најдат докази за злоупотреба на службената должност во сферата на економијата.

Во акцијата учествувале околу 140 полицајци и инспектори. Словенечките медиуми објавија дека се истражува продажбата на бањата Терма Чатеж, како и дека главен осомничен е Бојан Петан, кој меѓу другото е и член на Управниот одбор на весникот „Дневник“.

Меѓу осомничените е и Франци Заври, директор на најголемата словенечка компанија за маркетинг.

Истрагарта е насочена и кон перење на пари. Полицијата изврши претрес и во банка, на чии сметки се префрлани лошите кредити од словенечките државни трговски банки.

Би можело да ве интересира

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина