Хуманитарен тениски турнир „NISSAN Open 2014“

Од:

Компанијата Аутомотив Груп во периодот од  23 јуни до 3 јули  ќе го организира хуманитарниот тениски турнир „NISSAN Open 2014“ во тенискиот клуб АБЦ.

Сите парични средства кои ќе бидат собрани од котизациите на тенискиот турнир ќе бидат донирани за помош за набавка на медицинска опрема на Одделот хематоонкологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје.

Апликациите за турнирот можат  да  се пополнат  он лајн на Фејсбук фан страната на NISSAN Macedonia на која сите заинтересирани може да се запознаат  со официјалните пропозиции и  правила за игра.

Учесниците ќе бидат распределени во повеќе категории и тоа во единечна категорија и во категорија двојки. Ќе се натпреваруваат за првата награда во секоја категорија – вредносен ваучер од 12.000 денари кој може да го искористат  во ИНТЕКО, генералниот застапник на светскиот тениски бренд BABOLAT во Македонија.

На турнирот ќе бидат вклучени и најмалите. Детската категорија е поделена во три поткатегории: црвен, портокалов и зелен тенис.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска