Ова е последната заедничка фотографија на семејството Селби. Само секунди откако мајката Аби ги фотографирала сопругот Џорџ, нивните синови и внуката Оливија, голем бран го повлекол шест годишното момче Луис (лево, доле на сликата) во разулавеното море.
27 годишниот Џорџ, без двоумење скокнал да го спаси својот син, а очајното семејство можело само да гледа како водите кои дивееле и силните бранови, ги носат во неповрат нивниот татко и брат.
Семејствотот пристигнало на Мајорка, на својот годишен одмор, само неколку часа пред несреќата.
31 годишната Аби својата трагична приказна за британските медиуми ја раскажала држејќи ја во рацете фотографијата од својата венчавка, на која присуствувале и трите момчиња.
Аби раскажала дека нејзиниот сопруг Џорџ бил добар пливач, и дека усопеал да го дофати нивниот син и да доплива многу близу до обалата, но наеднаш голем бран ги повлекол назад, по што им се изгубил секаков траг.
Несреќната мајка во хотелскиот ресорт била донесена во бесознание и шок од големата болка. Во меѓувреме спасувачите од ресортот Калас де Мајорка успеале да ги извадат беживотните тела на Џорџ и Луис од морето. Кога Аби се разбудила од бесознание, прво што прашала е дали нејзиниот сопруг и син се добро, но жена што не ја познавала само и одмавнала со главата и и одговорила „За жал, не“