Албанската полиција откри 22 илегални емигранти

Од:

Албанската полиција од приморскиот град Валона, во две одделени акции приведе 22 илегални емигранти и уапси тројца албански државјани под обвинение „недозволена трговија со луѓе“.

Во првата акција полицијата привела 17 илеглани емигранти од Сирија,Еритреа и Сенегал кои биле превезувани од страна на Шкелзен Хиса(22)  од Валона.

Според полицијата илегалците платиле по две илјади евра  за да бидат префрлени од Грција за Србија.

Во втората акција притворени се петмина илегалци од Конго и уапсени се албанските државјани Димитар Крисафи(30) и Ерлинд Гуце(25) од Ѓирокастро.

Овие се две, од повеќе акции во кои полицијата открива групи на илегални емигранти. Полициската статистика потврдува дека од април до сега откриени околу двеста  илегални емигранти, кои транзит минуваат низ Албанија во обид да стигнат во некоја западноевропска земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“