Тајландската полиција деновиве, во неколку акци во внатрешноста на земјата, откри поголемо количесто илегално оружје и муниција, а полициските шефови изјавија дека не се работи за оружје наменето за политички пресметки, туку за криминал. Полицијата во акциите уапсила и поголем број дилери на наркотици.
Новопоставениот шеф на тајландската полиција, полицискиот генерал Прасарнјакит на прес конференција најави акции против илегалното оружје и наркотици и во населбите во близина на туристичките центри кои и покрај вонредната воена состојба не бележат драстичен пад на посетеноста на туристи од странство.
Помош во потрагите по оружје и дрога полицијата побара од 1.035 камнани, провинциски раководители кои својата позиција ја стекнуваат со наследно право, или со указ од кралската куќа на Тајланд.