Порошенко: Можен е дијалог во источниот дел на Украина доколку сепаратистите се разоружаат

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека постои можност за дијалог меѓу спротивставените страни во источниот дел на Украина, доколку проруските сепаратисти се разоружаат.

– Не ни требаат преговори поради самите преговори. Мировниот план треба да биде основа за деескалирање. терористите треба да го предадат оружјето, истакна Порошенко по средбата со гувернерот на Доџецката област, Серхиј Тарута.

Тој не ја исклучи можноста да организира тркалезна маса во Доњецк.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во разговор со американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека е неопходно Киев што е можно побрзо да ја прекине воената операција во овој дел на Украина.

За два месеца во насилството меѓу проруските бунтовници и украинските сили во источниот дел на Украина загинале 270 лица, соопшти украинското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски