Синдикатот на персоналот на трите аеродроми во бразилскиот град Рио де Жанеиро објави 24-часовен штрајк, во кој ќе земат учество 20 проценти од службениците, стапува сила од полноќ.
Синдикатот бара зголемување на платите и подобрување на условите на работа на своите членови. Штрајкот е објавен во момент, кога илјадници туристи пристигнуваат да го гледаат СП во фудбал, што започнува вечерва со натпреварот Бразил-Хрватска во Сао Паоло.
Прес-службата на синдикатот истакна дека 80 проценти од персоналот ќе работи денеска.
– Авиопреозниците предвидоа вонредни планови за работа за време на Мундијалот од 12 јуни до 13 јули, соопшти Националната агенција за цивилна авијација.