(ВИДЕО) „Арсена“ бара намалување на цената на водата на ниво на техничка вода

Од:

Невладината организација „Арсена“ од Гевгелија поднесе иницијатива до сите советници на Советот и градоначалникот на општина Гевгелија за намалување на Цената на водата на грашаните кои се приклучени на мрежата на градскиот водовод.

Тие бараат да плаќаат цена за потрошена вода на ниво на цена на техничка вода, бидејќи истата може да се користи за санитарни потреби и лична хигиена.

Бараме Советот да ја усвои Иницијативата и го задолжи Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија да ја корегира/намали цената на потрошената вода која ја користат граѓаните на општина Гевгелија на ниво на техничка вода, се’ до моментот на обезбедување на чиста, здрава и безбедна вода за пиење за граѓаните на општина Гевгелија. Согласно Правилникот за безбедност на водата доколку проблемот со безбедносната неисправност на водата за пиење трае подолго од седум дена пропишани во Правилникот, „правното лице кое врши снабдување со вода за пиење го информира населението и дава препораки водата да се користи за санитарни потреби“, велат од здружението.

Propratno pismo so priemen pecat

IMG_3287

Последните два наоди од ЈЗУ „Институт за јавно здравје“ покажуваат зголемена концентрација на отровниот елемент арсен, над пропишаните стандарди на СЗО на граничното ниво од 10 микрограми на еден литар вода.

Од „Арсена“ соопштуваат дека и оценката на началникот на Одделението за безбедност на вода и санитација на животната средина е дека испитаниот примерок на вода за пиење не одговара на законските и стручни прописи во однос на физичко-хемиската анализа заради зголемената содржина на арсен со што испитаниот примерок на вода за пиење не е безбеден за косумирање.

Би можело да ве интересира

АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден за семејството со барање за чиста вода

Наум Локоски

Герила акција: Нови бунари на Вардар

Емир Латифовиќ

Жителите на Моин: Зошто да го плаќаме отровниот арсен во водата

„Арсена“ промовира документарец за отровот во гевгелиската вода

Емир Латифовиќ

Арсенова лимонада поделена на ГП „Богородица“

Емир Латифовиќ

Арсеновиот столб на вистината промовиран во Гевгелија