И Хашим Тачи му ја нуди премиерската функција на Рамуш Харадинај

Од:

Демократската партија на Косово (ПДК) на косовскиот премиер Хашим Тачи, која во неделата освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, му предложи на лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (АКР), Рамуш Харадинај, да застане на чело на новата Влада, во која би коалицирал со демократите, објавија приштинските медиуми.

Според весникот „Експрес“, како што пренесе Танјуг, Харадинај се уште не одговорил на предлогот.

Веста дека Тачи му ја предложил премиерската функција на Харадинај ја објави доцна синоќа и порталот на албански јазик „Газетаблиц“. Според извор на порталот, предлогот на Тачи официјално ќе биде испратен во седиштето на Алијанса за иднината на Косово.

Претходно, вчера опозициските партии Демократски сојуз на Косово на Иса Мустафа, Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај и Иницијатива за Косово на Фатмир Лимај постигнаа коалициски договор со која се предвидува Харадинај да биде премиер, претседателот на Парламентот и претседателот на Косово да ги даде Демократскиот сојуз на Косово, а Иницијатива за Косово да добие вицепремиерска функција.

Трите опозициски партии решија да се обединат за да го спречат Тачи по трет пат да стане премиер, откако неговата ПДК освои најмногу пратеници на изборите.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица