Државни претпријатија меѓу најголемите должници на данок

Од:

Државни претпријатија предводат во листата на должници на данок, покажува објавената листа на УЈП која се однесува на компании и граѓани кои на државата и должат парични износи по основ ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

ЈП „Македонски шуми“ на државата и должи над 3 милиони евра. Јавното претпријатие „Улици и патишта – Скопје“, пак, има долг од речиси 31 милион денари, додека долгот на ЈП „Паркови и зеленико“ изнесува над 1 милион и 500 илјади денари.

Општина Охрид има неплатен данок во износ од речиси 2 милиони денари, додека јавното претпријатие „Погребални услуги“ од Охрид должи речиси 530 илјади денари.

На листата на Управата за јавни приходи се наоѓа и Агенцијата за цивилно воздухоплоство, која и должи на државата вкупно 7 милиони 476 илјади денари.

Од познатите приватни фирми, како најголеми неплаќачи на данок се издвојуваат Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје со 14 милиони 342 илјади денари, ФОН универзитет – 3,5 милиони денари, женскиот ракометарен клуб „Тутунски комбинат – Прилеп“ со 1. 287 398 денари и многу други.

Вкупно сите 3.508 компании кои се најдоа на листата, должат околу 190 милиони евра.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа