Блажески: Оние со плачливи имиња кои паѓаат на прво искушение, не се опозиција

Од:

Советникот од Охрид, од редовите на ЛДП, Дејан Блажески, на својот ФБ профил пишува за неговото несогласување со оние, како што вели опозиционери кои паѓаат на првото искушение пред која и да било функционерска фотеља.

dejan_blazevski-fbPost

Еве што напиша Блажески:

Една личност со име кое симболизира плач, само неколку месеци пред да биде кандидат за пратеник од СДСМ читаше прес паралелно со мене во мојата матична партија ЛДП.

Личноста со плачливо име денес сака да не просветли и зборува за некаков морал. Затоа морам јавно да и кажам дека на ЦО на ЛДП ја споменав како еден од шетачите по партии.

Некој тогаш тоа ми го зеде за зло, некој ме поддржа…. Како и да е, денес жалам што мојата претпоставка за “ЕДНА СОЛЗА”- (вака ја нарекуваше еден од мојата партија со цветно презиме, чиниш се изборила за денешницава), се покажа како точна .

Нити оние со плачливо име, нити оние со цветни презимиња, не можат да бидат опозиција кога паѓаат на првото искушение пред која и да било функционерска фотеља… Гладните за леб секогаш ги разбирав, ама ситиве и лакоми никогаш….. Опторот продолжува, позади нас има 400.000 граѓани.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ