Во едно од предрадијата на португалскиот главен град Лисабон изградена е интересна семејна куќа со речиси иделано осветлување, модерни детали и простран ентериер.
Во куќата доминираат дневанта соба и трпезаријата од кои се пружа поглед кон уредниот двор и кон околните пејасажи и кои се совршени за социјални дружења и активности.
Големите прозорци и дрвените греди на задната страна озвможуваат влез на многу светлина во секој дел од внатрешноста на куќата. Осветелноста ја прави куќата жива и забавна и го поттикнува чувството на чистотта, а прозорците нудат и поглед кон базенот и зеленилото што го опкружува.
Ходникот во куќата е застаклен и со под и таван од дабово дрво, со што се постигнува чувство на негово единство со природното опкружување.
Врз интересниот изглед на куќата влијаат и белите ѕидови на кои до израз доаѓаат уметничките дела. Со таквите ѕидови речиси соврешено се спојуваат елементи од пастелни и неутрални бои, во комбинација си некородирачки челик, дабово дрво, кожа, крзно, сомот и волна.
При декорирањето посебно внимение е посветено на деталите кои создаваат елегантен изглед и овозможуваат целосна хармонија на архитектонските линии низ целата куќа.