Романија е главна база за производство на „Дачија“, но Франција е најголемиот пазар за продажба на моделите откако во 2005 година почна соработката со Рено.
Девет години подоцна Дачија има продадено 600.000 возила во Франција, додека Сандеро е најпродаван модел.
До денеска во Франција се продадени над 232.000 Сандеро, 150.000 Дастер, 100.000 Логан МЦВ и 57.000 Логан седани.
Рено брендот Дачија во Франција е претставен во јуни 2005 година со првата генерација на Логан седан, а во моменталната понуда на романската компанија се наоѓаат дури седум модели – Логан, Логан МЦВ, Сандеро, Дастер, Лоџи, Докер и Докер комби.