Цената на маслото за јадење ќе паѓа до 54 денари за литар

Од:

Деновиве зејтинот се спушти на рекордно ниска цена, некаде го има и за 54 денари за литар.

Ако пред три четири години цената го достигна максимумот од 110 денари, таа сега е двојно пониска и е на ниво од пред десетина годин, пишува Утрински.

Ниската светска цена на суровината влијаеше и на домашните производите, а со тоа и на вредноста на маслото на македонскиот пазар.

-Работиме според берзански цени и суровината е таа која го има одлучувачкото влијание. Иако е рано да се зборува за очекувања на подолг период, не се предвидуваат некои драматични промени, рече Ирена Брчкова, директор на производство во велешки „Благој Ѓорев“, познат како Маслодајна.

Ниту кризата во Украина, ниту поплавите во Хрватска и Србија не влијаеја на цента на рафинираното масло за јадење, таа и натаму е во надолна линија. Оваа фабрика, која е најстара во земјава со традиција од девет децении, потребите на македонскиот пазар ги задоволува од сопствено производство во мали количества, за само два месеца од годината. Ако до пред 15-ина години произведуваше масло од сончоглед за 10 месеци, сега работите се драстично променети.

-Количините кои се преработуваат од домашно производство се многу мал дел на нашите инсталирани капацитети. Затоа сме присилени да увезуваме суровина. Факт е дека приносите од домашните производители се минимални, а посеаните површини секоја година се се’ помалку, вели Брчкова.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава