ММФ задоволен од напредокот на Грција, но предупредува за долгот

Од:

Меѓународниот монетарен фонд ММФ соопшти дека Грција постигнала значителен напредок во реформирањето на својата економија и остварила подобри резултати од очекуваното за некои цели, но се уште останува многу да биде направено за државата да може да излезе од финансиска криза.

Во денеска објавениот извештај, ММФ наведува дека државниот долг на Грција се очекува да остане висок и во следната декада. Тој ја повика владата да ги зголеми напорите за либерализирање на пазарите, да се справи со даночните измами и да ја забрза реформата на државната администрација.

Фондот, меѓу другото, посочува дека Грција треба да го направи својот извоз поконкурентен и банките да се справат со големиот број лоши кредити.

Грција во 2010 година доби пакет финасиска помош од ММФ и останатите земји членки на еврозоната во замена за конкретни реформи на економијата и буџетски намалувања.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели