Кандидатот на десницата Реувен Ривлин беше избран за нов претседател на Израел

Од:

Кандидатот на десницата Реувен Ривлин беше избран денеска за нов претседател на Израел.

Поранешниот претседател на Парламентот го победи на вториот круг од гласањето во законодавниот дом центристичкиот противник Меир Шитрит.

Во првиот круг 74-годишниот Ривлин освои најмногу гласови, 44, додека Шитрит освои 31.

Кандидатурата на Реувен Ривлин не наиде на поддршка од премиерот Бенјамин Нетанјаху, со оглед на тоа дека двајцата се внатрешни ривали во десната партија Ликуд, најголемата формација во владејачката коалиција.

Нетанјаху не успеа да ја блокира кандидатурата на Ривлин и тој беше избран за десеттиот претседател на Израел.

Претседателот на Израел има право на само еден седум годишен мандат и тој има претежно церемонијални функции.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски