Новото засилување на Вардар, голманот Арпад Штербик го имаше првото официјално запознавање со Скопје и екипата за која треба во иднина да настапува.
Актуелниот репрезентативец на Шпанија веќе неколку дена престојува во Скопје со цел да се запознае со условите, со салата во која ќе игра клубот, како и да види каде ќе биде сместен со семејството.
Најголемата ѕвезда во Вардар, има доста пријатели во Скопје со кои во минатото одржувал врски, а сега и лично беше со сите на кафе муабет.
Штербик е дел од новите засилувања на Вардар каде се уште и Лацковиќ, Горбок и Шишкарев.
Вардар в година ќе го брани трофејот во СЕХА лигата и домашниот Куп.